Македонија
22. July 2018 - 16:10

Утре нов обид за политички договор - лидерите на четирите партии седнуваат на маса

Власта бара поддршка за референдумот, опозицијата исполнување на барањата за пржинска влада, финансирање на партиите и измени во Кривичниот законик. Стари позиции пред новата лидерска средба закажана за утре наутро.

По последната одржана во четвртокот, премиерот Заев потенцираше дека компромис за македонската евроатланска иднина и за амнестија не може да има . Од ВМРО-ДПМНЕ вратија дека амнестија не ни барале и порачаа дека очекуваат европско однесување.

Утрешната лидерска средба почнува рано наутро, два часа пред стартот на собраниската седница на која на дневен ред се измените на Изборниот законик со кои власта ќе ја изолира опозицијата од можноста за одлучување при изборот на членови на Државната изборна комисија.
30 јули е датумот кој власта неофицијално си го поставува како ден до кога би требало да се распише референдумот. Џафери во изјава за медиумите вели дека претходно, Договорот со Грција но и Законот за јазици ќе бидат објавени во Службен весник.