Loading Video...
Ракомет
31. January 2020 - 15:09

Утре, Нексе - Еурофарм Р. во првиот меч од 1/8-финалето во СЕХА лигата

 
По повеќе од еден месец пауза, викендов продолжуваат возбудувањата во регионалната ракометна СЕХА конкуренција и тоа со дуелите од нокаут фазата
 
Утре во Нашице, Хрватска, битолски Еурофарм Работник ќе го одигра првиот меч од осминафиналето против Нексе. 
 
Со исти амбиции, но и нов тренер поранешниот хрватски селектор Жељко Бабиќ битолските „фармацевти“ ќе се обидат да бидат подобри во двомечот со хрватската екипа, а доколку успеат во тоа, Еурофарм Работник во четвртфиналето ќе игра против актуелниот СЕХА првак Вардар.
 
Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Работник ќе започне од 15 часот, додека останатите три средби на програмата се во недела, а двојките ги сочинуваат: Спартак Москва – Татран Прешов, Металопласитка – Војводина и Пекинс Спорт Универзитет – Мешков Брест. 
 
Исклучок на последниот дуел чиј реванш е закажан за 3 март, останатите три ќе се играат на 8, 11 и 12 март. 
 
Покрај Вардар, директен пласман во четврвртфиналето обезбедија и: Веспрем, ППД Загреб и Мотор Запорожје