Loading Video...
Балкан
3. February 2018 - 16:14

Утре масовни протести во Атина, Вартоломеј повикува на смиреност и мудрост

По Солун, утре и од Атина ќе се брани името Македонија.  1 милиони луѓе, според организаторите на протестот,  ќе се соберат на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламнерот.  На собирот „Македонија е една и грчка’’  ќе има  и политичари. Пратеници од Нова Демократија, од Независни грци-коалициониониот пратнер во владата, од Сојузот на централисти  преку грчките медиуми го најавија своето  учество. Според најавите, на присутните или лично или преку снимена порака со поздравен говор ќе им се обрати познатиот грчки композитор Микис Теодоракис а говори ќе одржат и тројца митрополити од ГПЦ, претставници на организаторите и професорот по уставно право Јоргос Касиматис.

Утрешниот протест е организиран од граѓански здруженија  а пораката  која ќе се пренесе од Атина   до премиерот  и истата  како и онаа  од проетстот во  Солун одржан на 21 јануари за насоката во која Грците очекуваат да се движи решението на спорот со Макеоднија  за името , односно дека не треба да се размислува за име кое во себе ќе го содржи терминот Македонија. . По повод  протестот во Атина  и разговорите за прашањето за името  мегу Макеоднија и Грција се огласи  вселенскиот патријарх Вартоломеј .

- Вселенската патријаршија, како мајка црква на сите православни цркви на Балканот, во врска со разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, апелира до сите засегнати страни на трезвеност и воздржаност со цел ова важно и чувствително прашање да се решава во мир и мудрост , стои во апелот на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Но собирот нема да биде само националистички оценуваат  дел од грчките аналитичари. Според нив, тоа ќе биде протест против владината политика во целост.   Инаку собирот ќе се одвива под засилени безбедносни мерки, ќе бидат затворени три метро станиции и речиси сите улици околу плоштадот Синтагма.   За оние  утре ќе сакаат да бидат дел од протестот а не се од Атина, организаторите се потрудија да им обезбедат бесплатни автобуси  и  карти по намалени цени.