Македонија
10. August 2021 - 12:00

Утре локален пороен дожд, пад на температурите за 3 до 5 степени

Од утре попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град. Максималните температури ќе се намалат за 3 до 5 степени, информира УХМР.

Додека, пак, од четврток, од УХМР најавуваат стабилно време со просечни температури за овој период од годината.

До крајот на денот ќе преовладува сончево и многу топло, со умерен, а вдолж Повардарието и во
источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе
бидат над просекот за овој период од годината и ќе достигнат од 35 до 42 степени. УВ индексот – 9

Во Скопје, сончево и многу топло со умерен северен ветер.