Македонија
8. January 2018 - 16:54

Утре координација во ВМРО ДПМНЕ - неизвесно враќањето во Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре пред почетокот на собраниската седница во партиското седиште ќе одржи координација на која ќе се одлучува за тоа дали ќе се враќа во Собранието, откриваат високи партиски извори. Народните избраници на оваа партија не учествуваат во работата на Собранието од апсењето на нивните колеги за настаните на 27 април. Изворите коментираат дека не треба да се очекува промена во одлуката за неучество во парламентот имајќи предвид дека нема промена во политичкиот аммбиент за демократска дебата во парламентот.

Не се очекува ниту пак некој од пратениците кои пред партискиот конгрес изразија незадовлство, да не ја почитуваат одлуката од утрешната координација.

Партискиот лидер Хруистијан Мицкоски уште во четвртокот најави дека до промена во одлуката може да дојде само доколку се промени и однесувањето на власта.

На утрешната седница во параламентот е гласањето на законот за употреба на јазиците, како и изборот на уставните судии. На 15 јануари пак, Собранието ќе расправа за ратификација на догворот за добрососедство со Бугариј, а на 18-ти пред народните избраници ќе се обрати и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Парламентот денеска одблежува 26 години од својата работа во независна Македонија.