Македонија
14. March 2016 - 20:49

Утре истекува рокот за поднесување ГДТ

Истекува рокот за поднесување даночна пријава.  Утре е последниот ден за сите  кои покрај плата и пензија имале и друг приход , како заработка од  игри на среќа кои надминуваат 5,000 денари,  добиен  регрес за годишен одмор, ќирии, дивиденди , авторски права и слично.. До денеска дополнителен приход пријавиле 316  илјади граѓани. Од Управата за јавни приходи очекуваа околу 400 пријави

До 14.03.2016 година поднесени се вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е-Даноци. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП и тоа 77 866. Во останатите даночни канцеларии по градови, бројот на поднесени ГДП е следен:

Граѓаните го чекаат последниот ден. Но велат дека се задоволни што брзо  завршуват работа, а имаат и помош при пополнување на пријавите

Имаше и такви кои за сопствената неодговорност што чекале до поселеден ден  бараа друг виновник. 

Казната за граѓаните кои нема да поднесат годишна даночна пријава изнесува од 100 до 200 евра. Службите на Управата работат до 18 часот.