Македонија
15. September 2017 - 19:06

Утре и задутре привремен сообраќаен режим на ул.„Димитрие Чуповски“ и на патот кон Средно Водно

Поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2017, утре од 10 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворена улицата Димитрие Чуповски, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ (кај ТЦ „Палома Бјанка“) до крстосницата со улицата „11 Октомври“, информираат од Град Скопје.

В недела пак, во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.