Утре и за викендот посебен сообраќаен режим во Скопје
Поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02), како и во деновите од викендот (22 и 23.02), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.
Притоа, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул. „Боца Иванова“ и излегување од ул. „Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.
По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул. „Јужноморавски бригади“ и ул. „Роман Каскалиевиќ“.
Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море