Македонија
23. March 2016 - 17:37

Утре големо невреме, дожд и снег низ Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде што на планините врнежите ќе бидат и од снег. Ќе дува ветер од северен правец, долж Повардарието повремено и засилен.

Утринската температура ќе се движи од пет до осум, а дневната  од шест до 13 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд со послаб интензитет.  Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во петок ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 14 степени.

Од сабота се очекува стабилно време. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти и под нулата, а дневната ќе бележи постепен пораст.