Македонија
28. December 2016 - 15:34

Утре годишно обраќање на претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре ќе го одржи своето годишно обраќање, соопшти неговиот кабинет.

Годишното обраќање наместо во Собранието на Република Македонија ќе биде од кабинетот на Иванов, бидејќи новиот собрански состав се уште не е конституиран.