-->
-->
Утре е Св. Василиј Велики: За да не ве следи малер цела година, направете го ова
-->
Сите храмови служат литургија на Свети Василиј Велики, кого црквата го слави на првиот ден од православната нова година.
Според Светото Писмо, Исус Христос ги зел врз себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на чистење од првобитниот грев.
Според историјата и традицијата на црквата, Свети Василиј починал во 379 година, на возраст од 50 години, а живеел во времето на Царот Константин.
Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божиќ, за кој се смета дека е крај на Божиќните празници.
Се верува дека на денот на Свети Василиј не треба да се расправате, затоа што во спротивно ќе бидете баксуз цела година, додека во некои делови се верува дека треба да бидете особено претпазливи да не бидете измамени.
Во некои делови се верува дека ако врне снег или е облачно на овој ден, годината ќе биде плодна.
Во многу места низ Македонија се крши лепче со паричка, а најсреќниот ќе има година полна со здравје и успеси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово