Македонија
12. March 2018 - 11:47

Утре дожд, од петок пообилни врнежи најавуваат од УХМР

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во текот на утрешниот ден во крајните западни и источни делови од Македонија ќе има локални врнежи од дожд со ретка појава на грмежи и ќе дува засилен западен ветер.

Во среда и четврток, пак, во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време, а нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.