Македонија
21. September 2017 - 14:05

Утре Дебар Маало без вода

Поради изведување на водоводен приклучок на бул. „Партизански Одреди“ бр. 34 во населбата Дебар Маало, утре ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците лоцирани на булеварот и  улиците „Мајаковски“, „Дане Крапчев“ и „Црвена Вода“. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, водоснабдувањето ќе биде во прекин од  9:30 часот до завршување на приклучокот.