Македонија
8. February 2017 - 17:44

Утре без вода делови околу Градскиот стадион

Поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа на ул. „Аминта Трети“ кај спортската арена „Филип Втори“ утре од 10 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците околу  стадионот во општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на активностите, го пренесува РЦУК Скопје известувањето од ЈП „Водовод и канализација“.