Македонија
4. February 2016 - 13:38

Утре без струја и затворот Идризово

Без електрична енергија утре од 09:00 до 14:30 часот ќе останат корисниците од реонот Гази Баба во општина Гази Баба, а од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул.„Герника“ со подулиците на патот кон Тулана,  подулиците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 од ул. „Ратко Митровиќ“ и делот од Драчево кон с. Долно Лисиче пред пругата во општина Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Невена Георгиева – Дуња“ во општина Кисела Вода, а од 07:00 до 08:00 часот корисниците од дел од с. Јурумлери, Идризово, Дрма, Мралино, Кадино, ул. бр. 3 Кадино, Макпетрол - Идризово, КПД Затвор Идризово, фирмите Пивара, Мајами, Ана Компани, Здравко и Мак Лифт во општини Гази Баба и Илинден.

Утре од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „9-ти Мај“ и „Христо Смирненски“ во општина Центар, а од 10:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„Ловќенска“,  ул. „Загребска“ и ул. „Леринска“ во општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Лисец“ пред пругите кај Хемтекс во општина Аеродром, од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. „Михаил Чаков“ со бр. 100 и 102 во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 13:00 часот корисниците од улиците „Афузлашина“, „Чаирска“ и „Бајрам Шабани“ во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.