Македонија
27. July 2016 - 12:07

Утре без струја делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и Чаир

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и Чаир, информираат од РЦУК Скопје.

Од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. 1439 во населба Пинтија, а од 11:30 до 13:00 часот корисниците од ул.Солунска Глава во Драчево, општина Кисела Вода.

Без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од ул.Борис Сарафов, ул. Жеденска, ул. Панајот Гиновски во општина Ѓорче Петров.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Востаничка и тоа од број 82 до број 144 во општините Центар и Кисела Вода, од 8:30 до 10:00 часот корисниците од ул.Славка Динкова во населба Драчево, општина Кисела Вода, а од 14:30 до 15:30 часот корисниците од ул.Борис Трајковски, подулица 26 во општина Кисела Вода.

Утре од 8:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 309,  ул. Радњанска, дел од ул. Орце Николов, ул. Отон Жупанчич, и корисниците од ул. Антоние Грубишиќ и околината во општина Центар, а од 8:30 до 14:30 часот дел од корисниците од ул.Дижонска и ул. Божин Стојков во општина Чаир.