Утре без струја делови од општините Ѓорче Петров, Петровец, Центар, Шуто Оризари, Карпош, Аеродром и Чаир
Поради технички зафати во електро-мрежата, утре без струја ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Петровец, Центар, Шуто Оризари, Карпош, Аеродром и Чаир, информираат од РЦУК Скопје.
Од 10:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Кичевска во општина Ѓорче Петров, од 09:15 до 12:45 часот селата Летевци, Катланово, Брезница, бензинската пумпа Р'жаничино, тунелот Катланово, Катлановска Бања и фирмата Сити Трејд во општина Петровец, од 08:00 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. Филип Втори Македонски – згради на КИЦ и ССМ, и ул. Кочо Рацин во општина Центар, а од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците Нов Живот, Злетовска и Брсјачка Буна во општина Шуто Оризари.
Во периодот од 10:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Горноврановска во општина Кисела Вода, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Козле околу бројот 101 во општина Карпош, од 08:30 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 19 во општина Аеродром, а од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Лазар Танев во Стара Чаршија – преноќиштето Рамче и околината во општина Чаир.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана