Утре без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров
Делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре ќе бидат без електрично напојување, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД.
Во општина Аеродром од 08.30 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Петар Ацев, Анастас Митрев, Иван Горан Ковачиќ и улиците што се во нивна непосредна близина, а од 11.00 до 15.30 часот, корисниците од булевар Видое Смилевски Бато, делот позади Боксер.
Без струја во општина Ѓорче Петров од 09.00 до 13.30 часот, ќе бидат корисниците од ул.Алекса Демниевски ул.23 и околните улички, а од 09.00 до 12,00 часот, потрошувачите од ул. 59 с. Волково.
Од 09.00 до 12,30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул.Козле кај Макпетрол кај бр.93 , а од 12.00 до 14.30 часот, корисниците од дел од потрошувачите во с.Бардовци кај зградите на Машинац во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто