Македонија
7. јуни 2018 - 10:57

Утре без струја делови од Карпош, Кисела Вода и Центар

Без струја утре ќе останат делови од скопските општини Карпош, Кисела Вода и Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Во периодот од 8:45 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Миле Поп Јорданов“, дел од ул.„Козле“ кај бензиската пумпа, дел од ул. „Стрезово“, како и дел од ул. „Џумајска“, а во периодот од 8:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Јуриј Гагарин“ под ул. 6 и ОУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош.

Без струја од 8:00 до 12:00 часот ќе останат дел од корисниците од ул. „Андреја Петковиќ“ од општина Кисела Вода, а во периодот од 9:00 до 12:00 часот дел од корисниците од ул. „50-та Дивизија“ во општина Центар.