Македонија
1. September 2019 - 10:38

Утре без струја делови од Батинци и Хиподром 2

Без струја утре од девет до 13 часот ќе останат корисниците од дел од село Батинци во општина Студеничани, а од девет до 14 часот од улиците „Жан Жорес“ и „12“ во населбата Хиподром 2 во Општина Гази Баба.

Прекините на снабдувањето со струја се поради изведување технички зафати на електромрежата, соопшти Регионалниот центар за упрвување со кризи на град Скопје.