Македонија
21. January 2016 - 11:29

Утре без струја дел од општините Бутел, Чаир, Сарај и Сопиште

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел, Чаир, Сарај и Сопиште.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Рокомија“ во општина Бутел, а од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од село Горно Соње - ул.7 и ул. 9 во општинаСопиште.

Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од реонот на поликлиника „Бит Пазар“ и реонот на Саат Кула во општина Чаир, од 9:30 до 15:00 часот корисниците од село Радуша во општина Сарај, а од 12:30 до 14:00 часот корисниците од улицата 6 во Горно Соње, општина Сопиште.