Македонија
28. May 2017 - 10:24

Утре без струја дел од Центар, Сарај и Шуто Оризари

ЕВН Македонија најавува дека во понеделник, на 29 мај, без струја ќе бидат дел од општините Центар, Сарај и Шуто Оризари.

Причини за прекинот се технички зафати.

Струја од 9:00 до 14:00 часот нема да имаат дел од корисниците на улиците: „Злетовска“, „Нов Живот“ и „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари, од 9:00 до 15:30 часот  дел од корисниците во село Буковиќ, Општина Сарај и од 9:00 до 13:00 корисниците на дел од улицата „Ганчо Хаџипанзов“ бр. 38, 40 и бр. 42 во Центар.