Loading Video...
Фудбал
20. April 2019 - 17:19

Утешна победа на Манчестер Сити над Тотенхем по елиминацијата во Лигата на шампионите

 
 
Само три дена по историската четвртфинална пресметка во Лигата на шампионите по која Тотенхем го елиминира Манчестер Сити, овие два англиски тима денеска одиграа нов меч. 
 
И овојпат на стадионот „Етихат“ во Манчестер, но сега во дуел од Премиер лигата, кој пак заврши со минимална победа на „Граѓаните“ со 1:1 со голот што го постигна  Фил Фоден уште во петата минута. 
 
Со оваа победа Сити се врати на првото место на табелата, со еден бод повеќе од Ливерпул кој утре гостува кај Кардиф.