Македонија
14. May 2018 - 19:32

Усвоена програмата за одбележување ,,1000 години Охридска Архиепископија‘‘

1000 годишнината од формирањето на Охридската архиепископија е црковен и духовен настан кој го обединува нашиот народ. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи  Сотировски упати повик до сите братски балкански народи да дојдат во Охрид и  да присуствуваат на централната  свеченост. И покрај тоа што од страна на  МПЦ упатени се  покани и до патријархот на бугарската православна црква и до претседателот на Бугарија сеуште не се знае дали ќе присуствуваат  на милениумскиот јубилеј во катедралната црква Света Софија .

Градоначалникот Стојаноски посочи дека  е гордост и обврска чествување  да помине достоинствено и во духот на универзалните  хуманистички вредности.

На 27 мај ќе настапи и камерниот оркестар на македонската филхармонија во придружба на хоровите од манастирот Рајчица и Свети Јован Бигорски .

Со низа активности и настани од различен карактер од  месец  мај  до  декември годинава  ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридската Архиепископија .

Централната свеченост започнува на  27 мај во црквата Света Софија со академија под  покровителство на претседателот Иванов потоа следниот ден на 28 мај е литургиското чествување на кое ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ во сослужение на членовите на светиот архиерејски синод.