Македонија
18. December 2018 - 21:04

Усвоена информацијата за институционализација на националните здравствени сметки

Владата на Република Македонија на денешната 110-та седница ја усвои информацијата за институционализација на националните здравствени сметки во Македонија.

Од владината прес-служба информираат дека овој систем претставува исклучително важна алатка којашто се користи при пресметувањето на вкупните трошоци во здравството според однапред дефинирана класификација, со цел подобро да се разбере финансирањето во здравствениот сектор и да се согледа неговата улога во вкупната економија на земјата.

Системот на Националните здравствени сметки го опишува текот на финансиските средства од изворите на финансирање, преку давателите на услуги па се до финалната потрошувачка на здравствените добра и услуги.