Македонија
6. September 2017 - 11:18

Усвоен Оперативниот план на МТСП за вработување

На предлог на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Владата го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, со дополнување кое одредува дека корисници на овие мерки можат да бидат оние правни и физички лица кои не користеле други владини мерки за вработување.

Оперативниот план предвидува голем број поволности за вработување на различни целни групи од невработените, како и програми за самовработување, програми за старт-ап бизниси за млади, и програма за самовработување на лицата со инвалидност.

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Владата ја усвои мерката за времено вдомување на 33 семејства од ромска националност и го задолжи Министерството да продолжи да бара можности за трајно вдомување на овие лица.