Усвоен буџетот на општина Демир Хисар за 2018 година
Советот на општина Демир Хисар го усвои буџетот на општината предложен од градоначалникот Марјанче Стојановски за претстојната 2018 година.
Од општина Демир Хисар информираат дека локалниот буџет за 2018 година е проектиран на вкупен износ од 171.449 милиони денари.
Планирани приходи од кои ќе се финансираат расходите на општина Демир Хисар се даночни приходи 16.3 милиони денари, неданочни приходи 5.1 милиони денари, капитални приходи 4.7 милиони денари, приходи од дотации 72.5 милиони денари, приходи од трансфери 56.6 милиони денари и приходи од донации 4.4 милиони денари.
-Приходите на буџетот за 2018 година се планирани согласно трендот на наплата во изминатите години и согласно насоките од Министерството за финансии на Република Македонија за дотациите. Вкупните расходи на општина Демир Хисар за 2018 година се планирани на вкупен износ од 171.449 милиони денари, а само за капитални инвестиции планирани се 52.3 милиони денари додека за социјални бенефиции издвоени се 500.000 денари. Од структурата на планираните расходи се констатира дека со планираните расходи утврдена е значајна развојна компонента бидејќи капиталните расходи опфаќаат над 30 насто од структурата на вкупните расходи, информираат од тамошната локална самоуправа.
Капиталните расходи во најголем дел се однесуваат на изготвување на проектна документација и изградба на инфраструктурни објекти патишта, водоводи, канализации, спортски објекти, улично осветлување...и е согласно програмата за комунално уредување донесена од Советот на општина Демир Хисар.
-Во новата година меѓудругото со средства од општина Демир Хисар ќе се изврши реконструкција на улици во населеното место Света, ќе се изврши изградба на фекална канализациона мрежа за отпадни води во населеното место, а ќе биде завршена и изградбата на локалниот пат до манастирот Св.Петар во селото Смилево, посочуваат од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар.
Ново на Сител
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван
-
Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 милиони евра месечно
-
Во Велика Британија започна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија, двајца други признаа вина
-
Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор
-
Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него
-
Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски
-
Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти
-
Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни