УСТАВОТ Е КАТЕГОРИЧЕН: Никој во државата не смее да започне постапка за избор на Влада без определен мандатар!
Колку е важна улогата на мандатарот, а оттаму и улогата на претседателот на Републиката во определувањето на мандатарот укажуваат одредбите од Уставот на РМ, и од Деловникот на Собранието на РМ што се однесуваат на постапката за избор на Влада, вели универзитетската професорка по Уставно право, Тања Каракамишева- Јовановска.
-Никој во државата не смее да започне постапка за избор на Влада без определен мандатар, и никој нема право да презема чекори на своја рака со кои ќе се заобиколи во Устав и во Деловник утврдената постапка за избор на Влада, вели Каракамишева- Јовановска.
Таа додава дека секое кршење на уставната и деловничката процедура за избор на Влада од кој било субјект, или партија, како и секое повикување од лица да се крши Уставот и Деловникот на Собранието мора да повлече и соодветна кривична одговорност за сите вклучени во тој чин и во таква противуставна постапка.
-Нема криење зад пратеничкиот имунитет ако свесно и со умисла се крши Уставот и се повредува уставниот поредок на државата. Во член 65, став 3 од Уставот на РМ стои дека на пратеник му престанува мандатот по сила на Устав ако е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. А сите кривични дела против државата се со казна затвор над пет години, заклучува Каракамишева- Јовановска.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри