Уставните судии ќе расправаат за иницијативата за застарување на делата за злоупотреба на службена должност
Уставните судии денеска на колегиум ќе дискутираат по иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службена должност и овластување.
Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати вчера најави дека на колегиумот детално ќе се разговара за оваа иницијатива и ќе биде донесен став.
– Ние во Уставниот суд имаме сериозен пристап за секој предмет. Предметот се одложи минатата седмица. Поради сериозноста на работата закажав колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираме за оваа проблематика. Откога ќе завршиме со колегиумот, ќе заземе став за понатамошната постапка, изјави Мурати.
Посочи дека предметот бил на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика.
– Секој судија си има свој пристап во предметот и јас како судија имав свој став и свое стојалиште, но поради интересот на јавноста предметот во договор со судиите минатата недела го одложивме. Ќе имаме колегиум само за таа точка. Сите судии имаат сериозен пристап по предметот и по колегиумот ќе го утврдиме понатамошниот тек на предметот, истакна Мурати.
Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово