Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за банки
Уставниот суд со мнозинство гласови на судиите не ја прифати иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.
Иницијативата, што беше на дневен ред на вчерашната седница на Судот, е поднесена од адвокат од Скопје, а се однесува на оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, со кој при наплатата од стечајната маса предност се дава на Фондот за осигурување депозити во однос на оштетените фирми депоненти на банката и штедачите со поголеми износи од 30 илјади евра кои се покриени од страна на Фондот.
Од Уставниот суд велат дека не е поведена постапка по иницијативата, бидејќи со оваа законска одредба не се повредува Уставот.
Здружението „Оштетени штедачи“ вчера со соопштение се огласи по повод одлуката на Уставниот суд, за која, како што велат, жалат што е негативна.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто