Македонија
12. February 2019 - 16:46

Уставниот суд мора да го штити Уставот и да го врати угледот

Уставниот суд бега од оценување на закони, а молчи и за повреди на човекови права и слободи загарантирани со меѓународни конвенции..

Ова се дел од забелешките на експертската јавност на дебатата за реформи во Уставниот суд како обврски за членство на државата во Европската унија..

Уставниот суд треба да е контролор на останатите судови наместо нем набљудувач, велат експертите.. Сметаат дека тоа е причина за лошиот углед кој го има Уставен..

Според министерката за правда, Уставниот суд наместо да предизвикува уставни земјотреси, треба да е заштитник на Уставот и уставноста..

Како најголем проблем, експертите ја посочија ограничената уставна тужба која им оневозможува на граѓаните да дојдат побрзо до правдата..