Македонија
16. March 2016 - 13:06

Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување

 Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година.

Оваа одлука, како што велат од Судот, произведува правно дејство по денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.

- Судот со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Наредниот период како конечна одлука ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд, велат од Судот.

Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година. 

Иницијативата беше поднесена од адвокатот Ристо Китевски од Скопје.