Македонија
28. April 2020 - 14:47

Уставниот суд ги стопираше владините уредби за платите во СЈО и на функционерите

Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста и законитоста на три владини Уредби со законска сила донесени во вонредната состојба. Станува збор за Уредбата за ограничување на исплатата на додатоците и надоместоците на плата во јавниот сектор на Уредбата за висината на платите на избраните функционери и за исплата на неисплатените плати на вработените во СЈО. Уставниот суд донесе времена мерка од член 27. став 1. со што се стопираат овие владини Уредби. Од друга страна со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за Уредбите за примена на  законот за буџетите, законот за работни односи и законот за вработените во јавниот сектор.

Од Уставниот суд велат дека за прв пат во историјата тој одлучува за вакви акти во момент кога работи со ограничени ресурси.

Во петокот била поднесена претставка за сите 129 Уредби со законска сила кои до тој момент биле донесени од Владата. Оваа претставка ја поднел Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров.
 
Даниел Василев