Бизнис
15. April 2021 - 12:35

Уставен суд одлучува за оштетените штедачи

Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува по претставката на оштетените штедачи од Еуростандард банка. Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста се однесува на дел од членот 163 од Законот за банки, според кој побарувањата на Фондот за осигурување на депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Ваквото законско решение, според оштетените штедачи, е спротивно на Уставот бидејќи во случајов сите штедачи не се еднакви пред законот. Сметаат дека е неправедно и тоа што преку Фондот за осигурување на депозити ниту едно од околу 2.000 правни лица, кои имаа свои влогови во Еуростандард Банка, не доби никакво обештетување.

Оштетените штедачи утрово повторно се собраа пред Уставниот суд за, како што велат, пред почетокот на седницата да ги охрабрат судиите да донесат одлука со која ќе ја вратат вербата во правото.