Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј превезувајќи 50 патници и членови на екипажот.
Авионот полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј.
Авионот и неговите патници беа подложени на тест за ментална и физичка издржливост.
На првиот од трите „супер долги“ пробни летови, што австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ ги реализира оваа година, научниците ги следат ефектите од повеќечасовните непрекинати летови врз патниците.
Минатата година „Квантас“ го воведе првиот директен лет од западниот австралиски град Перт кон Лондон, кој трае 17 часа и е еден од најдолгите патнички летови во светот.
Наредните месеци „Квантас“ ќе тестира и лет од Лондон за Сиднеј.
Во моментот „Сингапур Ерлајнс“ го има најдолгиот комерцијален лет од Сингапур до Њујарк, што трае 18,5 часа.
Ново на Сител
-
За четири месеци во Македонија се регистрирани 56 случаи на заразна жолтица
-
Кривична пријава против две фирми и нивниот управител од Велес за даночно затајување од 6,7 милиони денари
-
Клоп потпиша нов договор со Ливерпул
-
Студентите по медицина бараат бесплатна вакцинација против Хепатитис Б
-
Кривична пријава против едно лице за фалсификување исправа
-
Силен ветер ја пустоши југозападна Франција, без струја останаа 220 илјади домови
-
Свештеник удри репортеката по задникот, погледнете ја реакцијата
-
Скриено било на осум локации: Аркан неуспешно го барал закопаното богатство во Србија