Македонија
27. December 2018 - 18:08

Успешно завршени преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“- Скопје

Успешно завршија преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, соопштуваат од Синдикатот на Клиничкиот центар.

Оттаму информираат дека на докторите специјалисти и на наставно-научниот кадар платите ќе им се покачат за десет отсо, на докторите по општа медицина и докторите на државната специјализација за пет отсто, за здравствените работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл), како и на болничарите- транспортери и останатиот помошно- технички персонал, платите ќе се покачат за осум проценти.

Овие покачувања на основната плата, како што соопштуваат од Синдикатот на Клиничкиот центар, ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година.

За административниот персонал вработен во Клинички центар е предвидено покачување на платите за пет отсто, кое ќе се исплатува од месец септември 2019 година.

При ова, од Синдикатот информираат дека е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.