Живот
1. February 2016 - 10:34

Успешно раздвоени сијамски близначки стари 8 дена

Лекарите во Швајцарија соопштија дека успешно раздвоиле сијамски близначки стари само осум дена, со што тие се најмладите врз кои е извршена оваа постапка.

Близначките, родени во декември, биле споени со црниот дроб и градите.

Швајцариските медиуми пренесуваат дека лекарите прво планирале да ги раздвојат после неколку месеци, но процедурата била закажана кога кај обете се појавиле симптоми опасни по живот. Наводно, операцијата имала еден процент шанса за успех.

Девојчињата Лидија и Маја родени се осум седмици пред терминот во болницата „Инселпитал“ во Берн, јавува Би-Би-Си.

Од болницата е соопштено дека девојчињата најмногу биле поврзани преку црниот дроб, но дека сите други органи функционирале. Заедно биле тешки 2,2 килограми. На лекарскиот тим од 13 членови им биле потребни пет часа за да ги раздвојат девојчињата.