Живот
9. November 2018 - 11:41

Успешно одвоени сијамски близначки: Нима и Дава (1) беа споени во карлицата и градите, раздвојувањето траеше 6 часа

Лекарите во болница во Австралија успешно ги раздвоија двете сестри, сијамски близначки од Бутан, а главниот хирург вели дека се надева дека девојчињата успешно ќе се опорават.

Близначките од 15 месеци Нима и Дава биле споени кај градите и кај карлицата. Лекарите во болницата во Мелбурн рекоа дека мораат да го раздвојат црниот дроб на девојчињата, и дека најтешка задача од операциајта била реконструкцијата на абдоменот. Операцијата траела 6 часа.

Ќе бидат предизвик наредните 24 до 48 часови, како што е случај и кај која било друга операција. Се надеваме дека резултатите ќе бидат добри, рече докторот Џо Крамери, началник на педијатрија во болницата во Мелбурн.

Девојчињата и нивната мајка стигнаа во Австралија минатиот месец со посредство на хуманитарна организација, која заедно со државата Викторија ги покри трошоците за операцијата и се погрижи за транспортот и сместувањето.