Успешно извршена уште една трансплантација на срце
Извршена е уште една успешна трансплантација на срце, која е четврта во земјава од минатиот мај.
– Рано утрово срцето на 44-годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа 100-ина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
Медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт.
Тројца пациенти ноќеска се подготвуваа за трансплантација на органиите – срцето и бубрезите од донорот. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите почна по полноќ, а потоа и експлантација на коскени ткива.
Целата постапка ја водеа болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња