Успешно гостување на Битолскиот театар во Торонто
Со бурни аплаузи, публиката во Торонто, Канада синоќа ги поздрави актерите од Битолскиот театар кои по 75-ти пат ја изведоа претставата „Без Паника“.
Како и претходните две претставувања на овој театар во Торонто, така и овој пат, гостувањето предизвика голем интерес кај македонските иселеници кои живеат во Торонто и бура од емоции при контактот со својот мајчин јазик на сцената на театарот. Тие се покажаа како одлични домаќини и поддржувачи на ова гостување обидувајќи се краткото време од оваа посета да се дружат и да покажат што повеќе од градот во кој што живеат.
- Од самиот почеток на претставата публиката реагираше одлично и во текот на двочасовната изведба уживаше, препознавајќи ги сите комични елементи од претставата. На крај, со желба за повторна средба од овој тип срдечно им честитаа на актерите, поразговараа и се фотографираа со нив. Екипата на Битолскиот Театар како потврден амбасадор на македонската култура и јазик и овој пат професионално ги изврши своите обврски со што уште еднаш успеа за момент да доближи многубројните Македонци кои живеат тука до својата родна земја, информираат од Битолскиот театар.
На крајот од изведбата на претставата, организаторот Гоце Бурзевски од Македонскиот театарски корнер, се заблагодари на публиката и на поддржувачите и апелираше за уште поголеми контакти и меѓусебна информираност во иднина.
Уметничкиот директор на Битолскиот театар пак Благој Мицевски исто така се заблагодари за посетеноста и гостопримството, но и на Министерството за култура на Република Македонија како и на актерите Александар Копања, Никола Пројчевски и Маријан Ѓорѓиевски, Битолскиот театар и на директорот Валентин Светозарев кои ја овозможија оваа продукција и ова гостување.
Покрај интензивната работа со која продолжува театарот дома, следно планирано гостување е наесен на фестивалот МИТ во Цетиње, Црна Гора со две претстави.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење