Македонија
30. December 2016 - 16:36

Успешна година за Општина Аеродром Коневски најавува нови инфратсруктурни проекти за 2017

Изградба на нови улици, реконструкција на булевари и атмосферска канализација, тениски центар, промена на фасади со енергетски ефикасни материјали, нова градинка. Со голем број проекти општина Аеродром во 2017-та ќе работи на подобрување на инфраструктурата, образованието и спортот, од кои најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Особено успешно општина Аеродорм ја заврушува и 2016-та. Со реализација на голем број значајни проекти за напредок на општината, градоначалникот Ивица Коневски вели дека одговориле на потребите и барањата на жителите, со цел подобрување на условите за живот.

За реализација на планираните проекти општина Аеродром ќе издвои над 5 милиони евра од својот буџет. Со овие средства општината во 2017-та ќе ги доврши и проектите почнати годинава.