Македонија
1. February 2020 - 16:50

Успешен крај во битката на Накова по сторијата на Сител, Катастар ја избриша погрешната хипотека

Катастар ја избриша грешно впишаната хипотека на станот на Језла Накова во скопско Тафталиџе. По сторијата на Сител, таа беше повикана во Агенцијата за да се направи увид на целосната документација.

- Странката поднесе изјава за бришење на хипотеката од банка и веднаш беше постапено од страна на Агенцијата за катастар и недвижности, односно, извршено е бришење на хипотеката, се вели во краткиот допис од Катастар.

Јелза е задоволно од исходот, но вели дека државните службеници се привилегирани зашто не се врши контрола на нивните грешки.

- Секоја грешка обичниот граѓанин го чини здравје, време и пари без разлика дали се работи за намерна, ненаменра, нестручна или каква било грешка. Кога ќе почнат да плаќаат казна зашто направиле грешка на обичниот граѓанин и му го одзеле времето, тогаш за секоја платена грешка ќе размислат дали ќе сакаат да работат во некоја буџетска институција и дали ние како граѓани ќе бидеме оптоварени со несоодветни давачки, вели Накова.

Став побаравме и од Министерството за администрација, од каде што велат дека се работи на дигитализација на услугите и процесите.

- На тој начин ќе се доведат до минимум грешките и пропустите кои зависат од човечкиот фактор. Ова е и една од причините за пуштање во употреба на порталот за е-услуги. Електронското добивање на документи придонесува кон тоа да бидеме сигурни дека сите податоци се исправни и оти не се прават грешки од оваа природа, велат од МИОА.