Македонија
2. February 2023 - 12:19

Условна казна за гинекологот Асани од Струга

Условна казна за  гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегалната ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите била  и родилката Јилдиз Веапоска, која подоцна остана без три органи. Тој е осуден за давање здравствени услуги без дозвола, прегледувал пациентки и водел бремености од 2015 до 2020 година. Согласно пресудата изречена во Струшкиот Основен суд гинекологот не смее да направи ново кривично дело во рок од 4 години во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.

Веапоска задоволна од пресудата вели дека е ова е само почеток на казната  со која се докажа дека работел на црно.

„Ги доставивме доказите кои што ги имавме за тоа што одевме во неговата ординација  бевме сослушани од страна на судот и мило ми е што што се донесе ваква одлука и се докажа дека работел во таква нелегална ординација“ , вели Јилдиз Веапоска родилка од Дебар сведок во постапката.

Родилките кои оделе на преглед во неговата ординација за прегледите не добила никаква документација ниту сметка.

 „Ми наплатуваше за секој преглед 1200 1500 зависи од тоа колку ќе побараше докторот што интервенција ке завршеше. Парите му ги дававме во раце а не добивавме фискална ниту било каква документација“, додава Веапоска.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со родилката, тој беше разрешен. Веапоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил бубрег, јаник и матка. Овој судски процес продолжува на 10 март.