Македонија
28. July 2022 - 16:54

Условите на Бугарија и референдумот главна тема на пратеничките прашања

Протoколот со Софија по повод францускиот предлог побуди најголем интерес кај народните избраници на денешните пратенички прашања. Зошто не прифаќате референдум за тоа што го сторивте со Бугарија и од што се плашите беше првото прашање што го доби премиерот Ковачевски од опозицијата.

Опозициските пратеници коментираа и дека потпишаниот протокол, под превезот на наводен говор на омраза, предвидува цензура за сите уметници кои ќе ги финансира државата со цел да се задоволат барањата на Бугарија.

Ова се последните пратенички прашања пред народните избраници од 1 август да заминат на колективен одмор. Се враќаат на 29-ти август, но првата пленарна седница ќе ја имаат дури на 13 септември.