Македонија
20. March 2020 - 15:26

Уште тројца заразени со корона вирус во Македонија - вкупно 70 случаи во земјава

Вкупно тестирани на коронавирусот денеска се 43 лица, од кои три се позитивни, што значи вкупниот број заболени во државава е 70. Бројот на пациенти ќе расте. Сите пациенти се со стабилна клиничка слика, лесна до средна. Пациентката која е на механичка вентилација на Клиниката за инфективни болести е во критична фаза, истакна на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека од тројцата потврдени случаи денеска, една пациентка патувала во Србија, втора пациентка е бабата на четиригодишното дете заболено од коронавирус, и уште еден пациент од Скопје.

– Заболени од коронавирус има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид, додаде Филипче.