Уште тројца турски државјани обвинети за фалсификување исправа
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителни предлози и против тројца државјани на Република Турција за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, како што денеска соопштија од Службата за односи со јавноста во Јавно обвинителство на Република Македонија, на пасошка контрола при излез од државава, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од една лабораторија во Скопје.
– Потврдите ги прикажувале како вистински, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведената лабораторија и дека не поседуваат серитфикат за негативен ПЦР тест, се појаснува во соопштението од Службата за односи со јавноста во Јавно обвинителство на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата