Loading Video...
Ракомет
5. December 2019 - 15:53

Уште три слободни места за главната фаза на женскиот ракометен Мундијал

На женското Светско ракометно првенство што се одржува женското во Јапонија денеска комплетирано е 5.коло по кое познати се 9 од 12-те селекции кои ќе играат во следната фаза. 
 
Три директни дуели ќе решаваат кои ќе бидат последните три селекции кои ќе обезбедат пласман во втората главна фаза на женскиот ракометен Мундијал
 
Во групата А селекциите на Норвешка и Холандија со победите над Ангола и Србија веќе го осигураа својот пласман во следната рунда, додека за последното место во директен дуел утре ќе решаваат Србија и Словенија. 
 
Идентична е и ситуацијата во Б и Ц групите од кои Јужна Кореја и Германија од Б, односно Шпанија и Црна Гора од Ц групата се сигурни патници понатаму, додека за третата позиција директни пресметки ќе играат Франција и Данска, како и Унгарија и Романија. 
 
Единствено непознати нема во последната Д група од која на коло до крајот јасно е дека Русија, Шведска и Јапонија ќе се пласираат во главната фаза на шампионатот.