Македонија
12. January 2018 - 23:50

Уште три пресуди од судот во Стразбур доби ОМО Илинден Пирин

Европскиот суд за човекови права ја осуди Бугарија да плати 33,200 евра на ОМО Илинден, организација на Македонците во Бугарија, поради одбивање регистрација на организацијата.
 
Судот вчера објави три пресуди за случаите на ОМО „Илинден“,против Бугарија. Првите два случаи се однесуваат на жалбите против одбивањето на властите да дозволат регистрација на здружението во Бугарија во периодот 2012 до 2016 година. Третиот случај пак се однесува на жалбата за забраната за собири на граѓаните во 2006 и 2007 година.
 
Од ОМО илинден сега очекуваат Бугарија да постапи по одлуката на судот, а тие најавуваат следните емсеци поднесување ново брање за регистрација.
 
Константинов вели дека додека треал процесот пред стразбур, бугарските власти барале од нив вон судски да се спогодат, за да биде повлечена тужбата, но наместо регистрација, тие им нудел финансиска надокнада.
 
Инаку ова не е прв пат Судот во Стразбур да ја осуди Бугарија за прекршување на основните човекови права, правото на организиарано здружување и собирање. Македонците во Бугарија пред неколку години добија уште три тужби, кои беа поднесени од ОМО Илинден Пирин. Државата само ја платио штетата, но не ја регистрираше организацијата.