Уште три дена попис, досега попишани околу 1,55 милиони лица
Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови.
Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/
Надлежните ги повикуваат граѓаните да ја исполнат својата граѓанска и законска должност и да се попишат. Апел упати и премиерот Зоран Заев, кој вчера заедно со семејството беше попишан во својот дом во Струмица.
– По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните. За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас, апелира Заев.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“