Македонија
20. March 2020 - 23:47

Уште шест новозаболени со корона вирус во Македонија, вкупно 76


Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.